Ekipa
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
АНКАРА/МОСКВА (АА) - Башар Асадовиот режим и неговите поддржувачи ја зазедоа целосната контрола врз подрачјето на Источна Гута која се наоѓа во сирискиот главен град Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Завршена е евакуацијата на воената опозиција од Дума, која се наоѓа во Источна Гута, додека наскоро се очекува да заврши и излезот на цивилите од ова подрачје.
Голем дел од евакуациите беа спроведени кон регионот на „Штитот на Еуфрат“, кој се наоѓа во северниот дел на земјата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Башар Асадовиот режим ја зазеде целосната контрола врз Источна Гута.
Според веста на новинската агенција „ТАСС“ (TASS), Јуриј Јевтушенко, командант на Центарот за набљудување на примирјето во Сирија при руското Министерство за одбрана, истакна дека, исто така, и Дума е заземена под контрола.
Пред извесно време беше соопштено дека руските воени претставници постигнале договор со опозициската група „Џејш ал-Ислам“ во Источна Гута за оставање оружје, за и милитантите да започнат евакуациска операција во Дума.
Асадовиот режим и Русија продолжија со насилни напади во Источна Гута која пет години е под блокада, и покрај тоа што ова подрачје беше прогласено за зона без судири во рамките на преговорите во Астана. Илјадници цивили ги загубија своите животи во бомбардирањата, додека забележани се смртни случаи и поради болести и глад.