Associated Press
23 Април 2023•Ажурирај: 25 Април 2023
НАЈРОБИ (АА) - Досега се пронајдени 21 тело на земјиштето во сопственост на проповедник во Кенија кој е приведен бидејќи на своите следбеници им зборувал да постат до смрт, известува Анадолу.
Шефот на полицијата во Малинди, Џон Кембои, изјави дека уште се истражува земјиштето на проповедникот Пол Мекензи, кој е приведен на 14 април поради поврзаност со култизам.
Уште четири лица починаа откако се откри дека луѓе гладуваат во Меѓународната црква „Добри вести“.
Полицијата побара од судот да им дозволи да го задржат подолго Мекензи, додека трае истрагата за смртта на неговите следбеници.
Пријавата од јавноста ја наведе полицијата да спроведе рација на имотот на проповедникот во Малинди, каде пронајдоа 15 изнемоштени лица, вклучувајќи и четворица кои подоцна починале. Следбениците рекоа дека гладувале по упатите дадени од проповедникот, за да можат да се сретнат со Исус.
На полицијата ѝ е кажано дека на имотот на Мекензи се наоѓаат десетина плитки гробови, а ископувањата започна во петокот.
Мекензи штрајкува со глад последните четири дена, додека е во полициски притвор.
Проповедникот претходно двапати е приведуван, во 2019 и во март оваа година, во врска со смртта на деца. Секојпат е пуштан на слобода со кауција, а и двата случаи и понатаму се водат во судот.
Локалните политичари го повикаа судот овојпат да не го ослободува, упатувајќи осуда кон ширењето култови во областа Малинди.
Култовите се вообичаени во Кенија, во која живеат претежно религиозни луѓе.