Barış Seçkin
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
РИМ (АА) - Италијанската управа за конкуренција (Antitrust) ги казни американската продажна платформа „Амазон“ и технолошката компанија „Епл“ со вкупно 203,2 милиони евра со образложение дека ги прекршиле правилата за конкуренција на пазарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата се наведува дека оваа казна е дадена поради ограничувањата на веб-страницата „amazon.it“, на кои наидуваат некои од продавачите на брендовите „епл“ и „битс“.
Во истрагата на Италијанската управа за конкуренција се нагласува дека „Епл“ и „Битс“ дозволуваат само одредени продавачи да продаваат на сајтот „amazon.it“, што е спротивно на правилата на Европската Унија.
Италијанската управа за конкуренција, казнувајќи ги „Амазон“ со 68,7 милиони евра и „Епл“ со 134,5 милиони евра, им наложи да прекинат со дискриминаторските ограничувања на „amazon.it“.
Во изјавата дадена од „Амазон“, се истакнува дека казната е „несразмерна и неправедна“ и дека ќе биде обжалена.