Ekipa
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
РИМ (АА) - Кривата кула во Пиза повеќе не е толку навалена. По повеќе од две децении труд да се намали наклонот, инженерите соопштија дека наклонот на познатата тосканска камбанарија е намален за уште 4 сантиметри и дека кулата е во подобра структурна состојба од онаа што ја предвидувале, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција АНСА го цитираше Нунцианте Сабиа, од Консултативниот меѓународен одбор за надгледување на наклонот, кој истакнал дека се работело на прогресивно намалување на наклонот на кулата, и дека е многу поважно тоа што е добра сеопфатната состојба на структурата на кулата.
Кулата изградена во 12 век, повторно е отворена за јавноста во 2001 година, откако повеќе од една деценија беше затворена, со цел да се направи обид за намалување на нејзиниот наклон. Со користење контратегови со тежина од стотици тони во подножјето на кулата и извлекување на земја под темелите, во периодот од 1990 до 2001 година, наклонот на кулата е намален за околу 45 степени.