Ekipa
29 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
РИМ (АА) - Италијанската полицијата соопшти дека уапсила петмина пет лица откако е откриена нивната поврзаност со Анис Амри, тунискиот државјанин кој се сомничи за одговорен за нападот на Божиќниот саем во Берлин 2016 година, во кој се убиени 12 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата денес соопшти дека еден од осомничените набавил лажни италијански идентификациски документи кои му овозможиле на Амри слободно да се движи по Европа.
Амри на 19 декември 2016 година со камион влета на Божиќен саем во Берлин, усмртувајќи 12 лица. Одговорност за нападот презеде терористичката организиација ДЕАШ.
Со помош на лажни документи, Амри побегнал во Италија, каде четири дена подоцна е убиен во пресметка со полицијата во Милано.