Mücahithan Avcıoğlu
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Два катарски танкера за течен природен гас (LNG) го поминаа Ормускиот Теснец денес, откако безбедносната загриженост околу стратегискиот воден пат се намалија по мировните преговори меѓу САД и Иран, јавува Анадолу.
Танкерите „Бу Самра“ и „Патрис“ поминаа низ Теснецот рано утрово, откако беа блокирани во Персискиот Залив со месеци.
„Бу Самра“, кој пловеше под знамето на Маршалските Острови, го наведе Далечниот Исток како своја дестинација, додека танкерот „Патрис“, кој пловеше под либериско знаме, не наведе дестинација.
Трговијата со течен природен гас преку Ормускиот Теснец беше значително намалена за време на војната на Блискиот Исток, што го наруши извозот од Катар и предизвика штета на другите објекти во регионот.
Сообраќајот низ Теснецот почна да се враќа откако САД и Иран, претходно овој месец, потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се стави крај на војната.
Обезбедувачот на поморски податоци „Кплер“ соопшти дека на 23 јуни се регистрирани 31 потврдено преминување од страна на комерцијални и бродови поврзани со енергенти.
„Блумберг“ претходно овој месец објави дека Катар се подготвува брзо да го зголеми производството на течен природен гас откако повторно ќе се отвори Ормускиот Теснец, со планови за враќање на поголемиот дел од извозниот капацитет во рок од два месеца.