Tevfik Durul
05 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во 13.796 пожари по огномети за време на еднонеделните прослави низ државата загинаа 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кинеското Министерство за јавна безбедност соопштија дека во настанатите 13.796 пожари низ државата за време на еднонеделното прославување на „Пролетениот фестивал“ кој се слави во периодот од 27 јануари со 2 февруари, загинаа 39 лица.
Во споредба со минатата година, како резултат на затегнатите контроли на полициските сили во трговските центри, храмови, плоштади и саеми, бројот на загинати е намален за 26,4 отсто, а бројот на настанати пожари за 11,8 отсто.
Во државата, која според традиционалниот кинески лунарен календар од година на мајмунот влегува во годината на петелот, се верува дека преку огнометот „се прогонуваат злите духови“.