Ekipa
25 Јуни 2017•Ажурирај: 26 Јуни 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, денес изјави дека Пекинг ќе започне дијалог со Авганистан и Пакистан со цел да помогне во подобрувањето на односите меѓу двете соседни земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ванг Ји, за време на неговата посета на Пакистан изјави дека министрите за надворешни работи на трите земји ќе разговараат за односите, со акцент на економската соработка.
Односите меѓу Кабул и Исламабад во последните години се тензични. Двете земји меѓусебно се обвинуваат за недоволни напори во борбата против пакистанските и авганистанските талибански милитанти.
Пакистан започна изградба на својата граница со Авганистан со цел да го спречи влегувањето на милитантите, таа одлука дополнително ги затегна односите меѓу соседите.