Enes Kanlı
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
БЕЈРУТ (АА) - Командантот на Хесболах, Мустафа Бедредин е убиен во Сирија, во близина на аеродромот во Дамаск, во акција зад која наводно стои Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на Хесболах е потврдено дека еден од нивните команданти Мустафа Бедредин загинал во експлозија во близина на сириската престолнина Дамаск. Во соопштението не е прецизирано времето на експлозијата.
Локалните медиуми објавија вест дека на 10-ти мај израелските сили гранатирале конвој на Хесболах, што Хесболах го демантираше. Израел сѐуште се нема изјаснето во врска со настанот.
- Кој е Мустафа Бедредин? -
Мустафа Бедредин е еден од петте членови на или лидери на Хесболах, кои се наоѓаат на листата на барани лица од страна на специјалниот суд на Обединети нации (ОН) поради бомбашки напад, атентат на поранешниот либански премиер, Рефик Харира во 2005 година. Бедредин (55) е еден од оснивачите на Хесболах, а неговото воено крило го презеде 2008 година. откако беше убиен неговиот зет Имад Мугнија.
Во Кувајт осуден на смртна казна поради замешаност во бомбашки напад 1983 година, но по инвазијата на Садам Хусеин врз Кувајт, од затвор пребегна во Ирак. Се наоѓаше на листата на барани лица во САД и ОН.