Lejla Bıogradlıja
10 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
САРАЕВО (AA) - ЛЕЛЈА БИОГРАДЛИЈА -
Одлуката на австрискиот автор Петер Хандке да му се додели Нобеловата награда за книжевност и покрај тоа што се работи за некој кој го негираше геноцидот извршен во јули во 1995 година во Сребреница, потсети на претходните контроверзни одлуки на Шведската академија на науките, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хандке, овогодинашниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, познат е поконтроверзните ставови за случувањата на овие простори, односно по тоа што го негираше геноцидот во Сребреница и се залагаше за одбрана на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија и обвинет од Хаг за воени злосторства.

Неговите ставови и изјави за случувањата на Балканот предизвикаа жестоки дебати во земјите од регионот, посебно во Босна и Херцеговина и во Косово.
Семејствата на бошњачките и албанските жртви на злосторствата одржаа протести во БиХ и во Косово, барајќи откажување на доделувањето на наградата на Хандке.
Голем протест против Шведската академија се одржува денес во Стокхолм, кога на добитниците им се врачува Нобеловата награда.
Двајца надворешни членови го напуштија Одборот за Нобелова награда за книжевност, откако ја критикуваа Шведската академија. Ган-рит Сандстром изјави дека изборот на Хандке е интерпретиран како дека книжевноста стои над политиката, додавајќи дека та сепак не смета така, поради што го напушти Одборот за Нобелова награда за книжевност.
- Дискусија за наградите на ЕУ и Обама -
Европската унија (ЕУ) во 2012 година беше добитник на Нобеловата награда за мир, поради нејзините шеесетгодишни заслуги во изградба на мирот, помирувањето и развојот во Европа. Сепак, доделувањето на награда на ЕУ предизвика дебата во одредени кругови кои тврдеа дека земјите членки на ЕУ продаваат оружје на други земји поради што Унијата не ја заслужува оваа престижна награда.
Нобеловата награда за мир во 2009 година ја доби тогашниот американски претседател Барак Обама, поради, како што наведе Комитетот за доделување Нобелова награда, неговиот придонес за разбирање меѓу народите, разоружувањето, заштита на околината и мирно решавање судири. Сепак, следуваа критики на оваа одлука поради неговата политика во Ирак и Авганистан.
- Контроверзи околу доделувањето на наградата на Маатхаји и Кисинџер -
Нобеловата награда за мир за 2004 година доделена доделена ѝ е на Вангари Маатаи од Кенија, првата Африканка и првата еколошка активистка која ја доби таа награда. Меѓутоа, Матаи е критикувана дека не направила доволно во борбата против корупцијата во својата земја, но и против уништување на шумските површини во Кенија.
Хенри Кисинџер во 1973 година беше добитник на Нобеловата награда за мир, што исто така предизвика контроверзи. Како разлог за одликување на советникот на американскиот претседател за безбедност е наведено завршувањето на војната во Виетнам. И покрај тоа, таа војна уште еднаш нагло ескалираше и однесе многу жртви. Заедно со Кисинџер, за добитник на Нобеловата награда е прогласен и Виетнамецот Ле Дук Тхо, ано тој одби да ја прими наградата со образложение дека во неговата земја сѐ уште не владее мир.
- Лидерката на Мјанмар цел на критики -
Нобеловата награда за мир во 1991 година доделена е на лидерката на Мјанмар, Анг Сан Су Кји, што наиде на бројни критики ширум светот поради нејзиниот молк кон злосторствата кои се вршат во нејзината земја кон араканските муслимани. Се водеа жестоки дискусии за тоа дали би можела да и биде одземена наградата, но претседателот на Нобеловата фондација, Ларс Хеикенстен подоцна изјави дека нејзината Нобелова награда нема да биде повлечена.