Ekipa
22 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
ХАВАНА (АА) - Кубанскиот Парламент го именуваше Мануел Марера (56) за премиер на земјата, по повеќе од четири децении, откако таа функција беше укината во 1976 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марера, кој беше министер за туризам од 2004 година, го избра Националното собрание, јавија кубанските медиуми.
Во согласност со новиот уставен амандман одобрен во април, Мареро, кого на таа должност го именуваше претседателот на Куба, Мигуел Диаз - Канел, ќе ја извршува функцијата премиер во петгодишен мандат.
Диаз - Канел претходно рече дека го предложил Марера за премиер поради неговата внимателност и искреност, како и поради работата којашто е ефикасно извршена во текот на 16-те години на функцијата министер за туризам.
Премиерот ќе може да именува и да менува државни функционери како и да ја надгледува работата на локалните власти.
Последниот премиер на Куба и водач на револуцијата од 1959 до 1976 година беше Фидел Кастро, кој потоа стана претседател.