Kanyshai Butun
07 Септември 2026•Ажурирано: 07 Септември 2026
Во лавина во руската Република Кабардино-Балкарија загинаа 11 лица, а шест се повредени, соопшти денес регионалното Министерство за вонредни ситуации, пренесува Анадолу.
Лавината погодила група од 33 алпинисти во клисурата Безенги во саботата, соопшти Министерството. Десетмина алпинисти успеале сами да се спуштат, а судбината на шестмина сѐ уште не е позната.
Министерството соопшти дека на местото на настанот се распоредени 56 спасувачи.
„Операциите за пребарување и спасување се комплицираат поради тешкиот терен и ризикот од дополнителни лавини“, соопштија властите, додавајќи дека се очекува хеликоптер Ми-8 и комерцијален хеликоптер да се вклучат во потрагата кога ќе се подобрат временските услови.