Mahmoud Mohamed Barakat Ramadan İbrahim
02 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
БЕЈРУТ (АА) - Бејрут ја прими потерницата од Интерпол за поранешниот извршен директор на „Нисан“ (Nissan), Карлос Гон, кој избега од Јапонија во Либан, соопшти денеска либанскиот министер за правда, Алберт Серхан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Од Интерпол е стигната црвена потерница“, додаде Серхан.
Во вторникот, либанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во раните утрински часови во понеделникот Гон илегалнио пристигнал во Либан.
Во ноември 2018 година, Гон, кој беше на чело на јапонскиот производител на автомобили „Нисан“, беше уапсен во Јапонија поради корупција.