AP
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција соопшти дека Итната помош пристигнала пред Музејот за историја на природата во Лондон, веднаш по известувањето дека автомобил се втурнал во пешаци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата рекоа дека неколку лица се повредени, а едно лице е уапсено.
Полицијата соопшти дека повеќе детали за инцидентот ќе бидат накнадно објавени, откако ќе се утврдат околностите и евентуалниот мотив.