Ekipa
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ЛОНДОН (АА) - Во јануари наредната година започнува реконструкцијата на Биг Бен, симболот на Лондон и најголемата часовник кула со камбан на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентот на Велика Британија уште минатата година потврди дека голамата кула-часовник во срцето на градот би можела да застане доколку не се применат драстични реконструкции на објектот.
Тоа ќе чини 29 милиони фунти (42 милиони долари) што преставува најголема поправка на часовник во изминатите неколку децении. Парите ќе бидат потрошени на фиксирање на часовниот тежок 13 тони чии стрелки се поставени во внатрешноста на железната рамка со пречник од седум метри. Стрелката која го покажува часот долга е 2,7 метри додека стрелката која покажува минути долга е 4,3 метри.
Реконструкцијат на древниот лондонски часовник ќе направи неговиот механизам да биде сузпендиран на четири месеци при што ќе биде негов најголем застој во 156 година другата историја.
Жителите на градот на реката Темза тврдат дека објекот претходните години претрпел значајна штета на кровот, и тврдат дека „застојот во работата на часовникот ќе ја наруши меѓународната репутација на Лондон".
Инаку, по изградбата на часовник-кулата во неоготички стил,механизмот на часот е завршен во 1854 година по кое на 7-ми септември 1859 година часовникот официјално започна со негово работење. Биг Бен се смета за најточен часовник на светот, а звукот на неговиот тон се користи во многу часовници ширум светот.
Често наречен „голем господин", Биг Бен е симбол на Англија и нејзиниот главен град.