Burak Bir
01 Февруари 2024•Ажурирај: 02 Февруари 2024
ЛОНДОН (АА) - Девет лица, меѓу кои две деца и тројца полицајци, се повредени откако осомничениот маж фрли „кородирачка супстанција“ во британскиот главен град, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.
Полицајците биле повикани на авенијата Лесар, Клапам, во 19:25 часот по „ужасниот инцидент“, се вели во соопштението на полицијата.
„Во тек се тестовите за да се утврди што е супстанцијата, а во оваа фаза веруваме дека е кородирачка супстанција“, се додава во ова соопштение.
Во соопштението се истакнува дека е поведена истрага за инцидентот во кој една жена и нејзините две мали деца, уште тројца возрасни и тројца полицајци се пренесени во болница.
„Забележан е човек како бега од местото на настанот. Користиме ресурси од другата страна на Мет за да го фатиме овој поединец и се работи за да се утврди што доведе до овој страшен инцидент“, се вели во соопштението.
Засега не е извршено приведување на некое лице.