Ekipa
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, ги повика интернет-компаниите да го блокират ширењето на екстремистички материјали, а социјалните мрежи да развијат технологии со коишто ќе се забрани таквите содржини воопшто да се објавувуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, британската премиерка, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе одржи средба со претставници на интернет-компании, а во фокусот на разговорите ќе биде борбата против екстремистичките содржини на интернет.
Меј наведува дека платформите на социјалните медиуми постигнаа напредок во борбата против ширењето на екстремистичката пропаганда, но оти мора да се обезбеди таквите содржини се избришат за помалку од два часа.
„Индустријата треба да ја забрза автоматизацијата за откривање и отстранување на терористичките содржини“, истакна британската премиерка.