Sorvar Alam
02 Јуни 2026•Ажурирано: 02 Јуни 2026
Малдиви планираат во рок од една година да воведат ограничувања за пристап до социјалните мрежи за деца под 16 години, изјави претседателот Мухамед Муизу. Со овој чекор земјата им се придружува на сè поголем број држави што се обидуваат да ги заштитат малолетниците од опасностите на интернет, јавува Анадолу.
Според соопштението од Кабинетот на претседателот, Муизу го најавил овој план вчера на прес-конференцијата за мерките насочени кон подобрување на безбедноста на децата.
Тој рече дека Владата има намера да го ограничи пристапот до одредени социјални мрежи за корисници под 16 години и има цел да ги имплементира регулативите во рок од една година.
Муизу ги наведе загриженоста од онлајн злоупотребата, кибербулингот и изложеноста на децата на несоодветна содржина како главни причини за ваквиот чекор.
Тој нагласи дека планираните ограничувања се од суштинско значење за заштита на децата, но не значат откажување од пошироките напори за дигитализација на земјата.
Малдиви се најнова земја што воведува ограничувања за користење на социјалните мрежи врз основа на возраста.
Австралија е прва земја во светот што имплементираше закон со кој се ограничува пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години во декември 2025 година. Индонезија го следеше тој пример во март и е прва земја во Југоисточна Азија што усвои слична политика.
Малезија, исто така, воведе нови правила вчера, насочени кон спречување на децата под 16 години да отвораат профили на социјалните мрежи.
Неколку европски земји, меѓу кои Полска, Данска, Франција, Шпанија, Грција и Обединетото Кралство, исто така, размислуваат или подготвуваат слични мерки.