Sinan Doğan
27 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
БОГОТА
Мексико денеска објави дека примил 124 новинари од Авганистан среде актуелните евакуации од земјата разорена од војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Мексико, Марчело Ебрард и неговата делегација ги дочекаа авганистанските новинари на аеродромот, а сите настани ги следеа голем број медиуми.
Ебрард на Твитер изјави дека човечките животи имаат голема вредност и дека неговата земја се одлучила да ги поддржи барањата за азил, додавајќи дека доаѓањето на новинарите ја симболизира слободата на печатот.
Наводно Мексико ќе ги прими и членовите на семејствата на новинарите.
Мексико ги прими првите авганистански бегалци во земјата во вторникот, а меѓу нив има пет девојки од тимот за роботика.
По заземањето на Кабул на 15 август, талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан, а претседателот и високи функционери ја напуштија земјата. Многу Авганистанци потоа одлучија да побегнат, вклучително и цивили кои им помагаа на странските војници или групи.