Sinan Doğan
09 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
БОГОТА
Во Мексико, 17.715 жени се жртви на убиство од 2016 година досега, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните медиуми, Секретаријатот на Националниот јавен систем за безбедност објави извештај според кој од 1 јануари 2016 година до 31 јануари 2021 година се повредени 319.400 жени како резултат на насилство.
Во извештајот во кој се наведува дека во споменатиот период се убиени 17.715 жени, се истакнува дека и покрај поднесените тужби, насилството во земјата се зголемува секоја година.
Покрај тоа, во извештајот се посочува дека, особено од започнувањето на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега, животот на жените станал уште потежок.
Мексико е познато како земја со највисока стапка на убиства на жени меѓу земјите од Латинска Америка.