Cüneyt Karadağ
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, по состанокот на Советот на Европа изјави дека е време да се прифати реалноста и додаде дека секој треба да ја земе предвид реалноста заради сопствената иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
Taa во врска со резултатите од референдумот во Британија истакна дека тоа значи носење на одредена одлука и додаде: „Јас не гледам начин како би можелa да се смени ситуацијата.“
Канцеларката рече дека со Британија ќе продолжат да одржуваат билатерални средби, но рече дека би сакале да знаат кои се плановите на Британија во периодот на излез од ЕУ.
На прашањето дали германската канцеларка Меркел му е лута на британскиот премиерот Дејвид Камерон, таа одговори: „Во политичките преговори, омразата и гневот не може да бидат политичка категорија. Станува збор за застапување на интереси и историски резултати. Време е за анализирање на ситуацијата и справување со неа."