Havva Kara Aydın
24 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
АНКАРА
Со секој погрешен чекор во источното Средоземје Франција ја губи можноста за неутралност и придонес кон стабилноста, соопшти Министерството за надворешни работи на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Хами Аксој, портпаролот на Министерството истакнува дека заканите со санкции кон Турција нема да имаат резултати.
„Франција ја губи неутралноста и можноста да придонесе за стабилност со секој погрешен чекор во врска со случувањата во источното Средоземје", нагласи Аксој и додаде:
„Изјавите на претседателот Емануел Макрон немаат вредност за нашата земја. Заканите кон Турција со санкции не се ограничување за никој и нема да имаат резултат.“
Повикувајќи ја Франција да престане да се велича и да ги следи директните и рационалните политики, рече дека Франција треба да престане да ги поддржува пучистите во Либија, терористите во Сирија и оние кои дејствуваат со размислувањето „јас сум сопственик на ова место“ во источното Средоземје.
Аксој рече дека од Франција се очекува во Либија да направи разлика помеѓу легитимната Влада која ја призна меѓународната заедница и Обединетите нации и агресорот Калифа Хафтар, кој го држеше под опсада главниот град подолго од една година и се обиде да ја собори легитимната Влада.
Исто така, нагласи дека Франција досега не успеала да добие никакви резултати од тие политики и дека нема да може да добие ништо повеќе во иднина.
„Секој чекор кој нашата држава го презема во источното Средоземје ја има за цел одбраната на легитимните права и интереси на Турција и кипарските Турци на темелот на меѓународното право", додаде Аксој и го повтори повикот за дијалог и соработка во регионот.