Turgut Alp Boyraz
28 декември 2015•Ажурирај: 29 декември 2015
ЕРУСАЛИМ (АА) - Заменик-министерот за надворешни работа на Израел Ципи Хотовели, предупреди дека бразилското неодобрување на изборот на Дани Дајан за израелски амбасадор во таа земја, би можело да предизвика билатерална дипломатска криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го именуваше Дајан на позиција амбасадор во Бразил во месец август, меѓутоа бразилските власти сè уште не го имаат одобрено овој избор.
Причината за неодобрување на Дајан би можело да е поради тоа што тој живее во илегална населба на Западниот Брег.
Хотовели рече дека Израел ќе направи сè, со цел Дајан да биде следниот амбасадор и додаде дека сегашниот амбасадор на Израел во Бразил, Раид Мансур, во Израел се врати минатата недела. Нагласи дека Израел нема намера да именува нов кандидат на оваа функција.