Zehra Ulucak
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
САКАБА (АА) - Се претпоставува дека Хулија Флорес Колке од Боливија која за извесно време ќе наполни 118 години, е најстарото лице во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
По смртта на Јапонката Наби Таџима родена на 4 август 1900 година, која почина во април, Флорес Колке, која живее во подрачјето на Сакаба, е можно да биде најстарото лице во светот.
Колке е родена на 26 октомври 1900 година, а и покрај нејзините години таа продолжува да свири на гитара и да им пее песни на јазикот кечува на тие што доаѓаат во нејзина посета.
Општината Сакаба ја смета Колке за живо наследство.
Од Гинисовата книга соопштија дека не е поднесена пријава во име на Колке.
Колке која не е мажена и нема деца, била сведок на Првата светска војна, како и на земјотресите во Боливија.