Dildar Baykan
07 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Владата на Бангладеш тврди дека властите на Мјанмар поставиле мини по должината на границата меѓу двете земји со цел муслиманите, кои од Аракан побегнаа во Бангладеш, да не можат да се вратат назад, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Бангладеш по тој повод го повикала на разговор амбасадорот на Мјанмар во Дака, за да го изрази негодувањето поради поставувањето на мини долж границата меѓу двете земји.
Високиот претставник на Министерството за надворешни работи на Бангладеш, Шахидул Хак, потврди дека тие веќе ја информирале Владата на Мјанмар во врска со тоа прашање.
Санџој Маџумдер, новинар на Би-Би-Си, изјави дека оваа недела најмалку три лица се ранети во експлозија на нагазни мини.
Од друга страна, безбедносните сили на Мјанмар отворија оган врз муслиманите од Аракан кои се обидуваа да ја преминат границата со Бангладеш.
Под изговор на борба против милитантните групи, војската на Мјанмар во изминатите неколку дена уништи најмалку 60 муслимански села, чии десетици илјади мештани беа принудени да бегаат кон соседен Бангладеш.
Според последните извештаи на ОН, во Бангладеш досега влегле 146.000 муслимани од Аракан, а десетици илјади чекаат да ја преминат границата.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, не може да се говори за точниот број на настрадани во нападите врз муслиманските населени места. Локалните невладини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени луѓе.