Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Двајца новинари на новинската агенција, „Reuters“ (Ројтерс) се приведени во Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Член на новинарскиот совет на Мјанмар соопшти дека двајцата новинари на „Reuters“, кои со нив носеле и официјални документи, вчера во подоцнежните часови биле приведени поради прекршување на Законот за државни тајни.
Во изјавата на „Reuters“ за BBC (Би-би-си) се вели дека двајцата новинари во Мјанмар, Ва Лоун и Кјав Сое, биле прогласени за исчезнати и дека се трага по нив.
Локалниот весник „Frontier Myanmar“, во една вест напиша дека двајцата новинари биле приведени во периферијата на главниот трговски град на земјата, Јангон.
Според веста, двајцата новинари, кои со себе носеле мапа на одредено место во Аракан, како и воени извештаи, биле приведени во рамките на Законот за државни тајни.
Медиумската институција „Irrawaddy“, соопшти дека во случај новинарите да бидат прогласени за виновни, може да им биде изречена заторска казна во траење од 14 години.