Kemal Zorlak
10 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1258. - Монголите го зазедоа Багдад, тогашниот центар на исламскиот свет, го запалија градот и убија 10.000 луѓе.
1763. - Со Парискиот мировен договор, Канада и припадна на Велика Британија.
1837. - Во двобојот е убиен рускиот писател Александар Сергејевич Пушкин, пионерот на реализмот во руската проза и еден од најголемите лиричари во светската книжевност.
1901. - Во Виена почина Милан Обреновиќ, кнез (1872-82), а потоа и крал на Србија (1982-89). Во текот на неговото владеење Србија стекна меѓународно признание на Берлинскиот конгрес 1878 година.
1913. - Пронајдени се смрзнати остатоци на истражувачот на Антарктикот, на капетанот Скон и неговите трупи кои страдаа во невремето во експедиција на Јужниот пол.
1931. - Њу Делхи стана главен град на индија.
1942. - Американскиот џез музичар Глен Милер стана првиот музичар кој доби "Златна плоча" за продажба на милионитиот примерок на композицијата "Chattanooga Choo Choo".
1947. - Во Париз се потпишани мировните договори на земјите победници во Втората светска војна и поранешните сојузници на Хитлеровата Германија.
1950. - Роден е Марк Шпиц, американскиот повеќекратен победник во Пливање.
1986. - До тогаш најголемиот судски процес на членовите на мафијата одржан е во Плаерно, на Сицилија, во Италија.
1996. - IBM компјутер наречен "Длабоко сино" влезе во историјата на шахот со победата над светскит првак Гари Каспаров.
1998. - Почина поранешниот француски министер за надворешни работи Маурис Шуман, творецот на проектот на Европска Унија ("Шуманов план")
2001. - Во текот на антивладините протести во Техеран, во судир со полицијата ранети се повеќе дестици студенти, а околу 100 се уапсени.
2004. - САД го обнови дипломатското претставништво во Триполи, по десетгодишните непријателски односи на двете земји, а по одлуката на Либија, да ја напусти програмата за развој на оружјето за масовно уништување. Официјалниот Вашингтон го повика својот амбасадор во Либија 1980 година.