Aldıjana Hadzıc,Kemal Zorlak
20 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1815 - По бегството од островот Елба, Наполеон Бонапарта влегол во Париз, во придружба на армијата, со што започна неговото "100 дневно владеење", по што на власт дојде кралот Луј XVIII.
1809 - Роден е во рускиот писател Николај Васиљевич Гогољ.
1916 - Точно пред 100 години, физичарот Алберт Ајнштајн во статија ја објави Општата теорија на релативноста
1933 - Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор. Во текот на Втората светска војна (1939-1945), бројот на кампови во Германија и во окупираните земји достигна 2.000, а во нив беа убиени милиони луѓе, од кои повеќето Евреи.
1960 - Елвис Присли во Нешвил сними шест песни за својата прва плоча по војската.
1994 - Тунис го доби првиот повеќепартиски парламент.
1996 - Британската влада за прв пат јавно потврди дека "кравјото лудило" може да се пренесе на луѓето.
1998 - Отворен е првиот автопат во Африка, кој ги поврзува брегот на Индискиот и Атлантскиот Океан.
2003 - САД и Велика Британија започнаа воени операции против Ирак, откако ирачкиот претседател Садам Хусеин го отфрли ултиматумот на САД да го напуштат Ирак.