Aldıjana Hadzıc
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани што се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1635 - Роден е англискиот научник и пронаоѓач Роберт Хук. Работата ја започнал со Роберт Бојл на изградбата на воздушна пумпа. Починал на 3 март, 1703.
1870 - Првиот ватикански совет прогласи догма за непогрешливоста на папата (infallibilitate) околу прашања за верата и моралот на верниците.
1887 - Роден е норвешкиот политичар и државник Видкун Квислинг, соработник на нацистите за време на Втората светска војна. Почина на 24 октомври 1945 година.
1918 - Роден е претседателот на Јужноафриканската Република и борец против апартхејдот Нелсон Мандела. Тој почина на 5 декември 2013 година.
1921 - Роден е Џон Глен, третиот Американец што во вселената и првиот што оствари лет во орбитата околу Земјата.
1925 - Објавена е книгата на Адолф Хитлер „Мојата борба“.
1955 - Отворен e забавен парк на „Дизни“, тематски парк во сојузната американска држава Калифорнија. Билетот чинеше еден долар. Тоа е единствениот забавен парк на компанијата којшто е дизајниран лично од страна на Волт Дизни.
1962 - Во Перу војската изврши државен удар, а на чело на хунтата дошол Генерал Перез Годој.
1968 - Во Санта Клара, во САД, основана е компанија за производство на чипови за компјутери, „Интел“.
1980 - Индија го лансираше својот прв сателит, „Рохини 1“.
1986 - Направени се првите снимки на потонатиот брод „Титаник“.
1994 - Во бомбашки напад извршен во еврејската заедница во Буенос Аирес загинаа 96 луѓе.