Asiye Latife Yılmaz
01 Мај 2026•Ажурирај: 01 Мај 2026
Најмалку пет лица се повредени во напад со нож во средно училиште во Такома, во американската сојузна држава Вашингтон, јавува Анадолу.
Полицијата реагираше на пријава за прободување и расправија во средното училиште „Хенри Фос“, каде четворица ученици и еден службеник за обезбедување на кампусот биле повредени. Повредените лица, како и осомничениот, претрпеле рани од прободување или исеченици, изјави портпаролката на полициската управа во Такома, Шелби Бојд, за Си-би-ес њуз.
Осомничениот, инаку ученик, е приведен на местото на настанот, додаде портпаролката.
Последните информации на надлежните се дека сите шестмина се во стабилна состојба.
Малолетниот осомничен е обвинет по пет точки за напад од прв степен, а полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот, кои и понатаму се непознати, рече портпаролот.