Yusuf Özcan
23 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
ПАРИЗ (АА) - Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во напад со нож извршен во францускиот град Трап, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Гувернерството на Ивлин, изутрина бил извршен напад со нож во градот Трап, кој се наоѓа 30 километри западно од Париз.
Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле две лица, а едно лице е тешко повредено, додека напаѓачот бил убиен во полициската операција.
Според веста на „Europe 1“, напаѓачот, кој бил роден 1982 година, влегол во една куќа, а по 20 минути излегол носејќи нож во рацете.
Подоцна, одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Колон, го посети местото на кое беше извршен нападот.
Јавниот емитер „France Info“ јави дека напаѓачот бил на листата на лица под надзор.