Ekipa
15 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
АЗАЗ (AA) - Терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, од градот Африн, кој се наоѓа на границата со Турција, изврши ракетен напад врз цивилните населени во Азаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа терористичка организација, вчера околу полноќ, од своите позиции во Африн лансираше повеќе ракети кон цивилните населени места покрај границата со Турција, кои се под контрола на Слободната сириска армија.
Во извршените напади нема жртви или повредени, додека настаната е материјална штета.
Елементите на Турските вооружени сили (ТСК) распоредени на подрачјето каде што се одвиваше операцијата „Штитот на Еуфрат“, покрај граничната линија меѓу Сирија и Турција и во зоната без судири во Идлиб, веднаш по нападот возвратија со артилериски напади врз позициите на терористичката организација во Африн.
ПЈД/ПКК од Африн одвреме навреме врши напади врз населените места во Азаз.