Emel Öz Gözellik
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
КАБУЛ
Во вооружениот и бомбашки напад изведен врз изборната канцеларија на Емрулах Салих, првиот помошник на актуелниот претседател Ешреф Гани и кандидат за претседателските избори закажани за 28 септември, животот го загубија 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Министерството за внатрешни работи се вели дека во главниот град Кабул е извршен вооружен и бомбашки напад врз канцеларијата од која Салих ја води изборната кампања, информирајќи дека во нападот животот го загубиле 20 лица, а 50 се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Претседателскиот кандидат Салих е ранет во раката и по извлекувањето од објектот, во кој беше извршен нападот, тој е префрлен на безбедна локација. По нападот и вооружената пресметка, безбедносните сили неутрализираа тројца напаѓачи.
Претседателот Ешреф Гани преку својот профил на социјалната мрежа Твитер информираше дека Салих е во добра здравствена состојба.
Вчера во Авганистан официјално започна изборната кампања за претседателските избори закажани за 28 септември.