Ömer Aydın
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
ПАРИЗ (AA) - Машко лице, кое вчера со нож нападна војник во близина на музејот Лувр во Париз е државјанин на Египет, а во Франција пристигнал кон крајот на јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот војник вчера пукаше во Париз на лицето кое претходно нападна друг војник со нож пред трговски центар кој се наоѓа во близина на музејот Лувр.
Француските медиуми наведуваат дека е утврден идентитетот на напаѓачот и дека станува збор за 29. годишен египетски државјанин кој кон крајот на јануари од Дубаи допатувал во Франција. Имал и уредна виза.
Француската полиција изврши претреси во хотелот во кој престојуваше напаѓачот како и на многу други места. Напаѓачот нападна четири војници од кои еден е полесно повреден. Напаѓачот е тешко ранет.
Обвинителството во Париз покрена истрага во врска со овој настан.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека закана сеуште постои и дека со тоа ќе биде продолжено преземањето на потребни мерки во борбата против тероризмот. Премиерот Бернард Казанев порача дека е во прашање терористички напад.
Најпосетениот музеј во светот во 2015 година го посетија 8,6 милиони луѓе.