Riyaz Khaliq Khaliq
03 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Обилните врнежи од дожд денес наметнаа евакуација на илјадници луѓе во Јапонија, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Дождови го зафатија југозападниот регион Кјушу, при што се урна мост, а локалните власти издале наредба за евакуација на локалното население, јави Јапонската метеоролошка агенција, објави јапонската новинска агенција „Кјодо њуз“.
Од околу 360.000 жители во градот Кумамото е побарано да се евакуираат на побезбедни места.
Надлежните во метеоролошката агенција прогнозираат дека поројните дождови и грмежите може да продолжат низ регионот до вторник напладне.
Жителите се предупредени за можни одрони и поплави во регионот.