Elena Teslova
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
МОСКВА (АА) - Производството на руската вакцина „Спутник ве“ во Турција ќе започне во текот на наредните недели, соопшти денес Рускиот фонд за директни вложувања (РДИФ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Производството ќе биде организирано во погоните на турската фармацевтска компанија „Висџоран илач“ (Viscoran Ilac).
„РДИФ и турската фармацевтска компанија Висџоран илач договорија соработка за производството на вакцината Спутник ве, првата вакцина против коронавирусот регистрирана во светот. Висџоран Илач ги објави подготовките за процесот на производство на локално ниво и сега планира започнување на производството на „Спутник ве“ во наредните месеци во неколку претпријатија“, се наведува во соопштението.
Рускиот фонд за директни вложувања (РДИФ) наведе дека го завршува трансферот на технологијата за производство со другата турска компанија „ЏинаГен илач“ (CinnaGen Ilac) и дека преговара со уште две производни платформи со цел проширување на капацитетот за производство на вакцината „Спутник ве“.
Како што се наведува во соопштението на РДИФ, вакцината произведена во Турција е наменета за локална употреба и извоз во трети земји.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на 22 април најави дека Турција наскоро ќе започне да ја користи руската вакцина „Спутник ве“.