Umur Koçak Semiz
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
АБУЈА (АА) - Повеќе од 100 лица смртно страдаа во експлозија во фабрика за полнење на плин на југоистокот на Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи во момент додека пред фабриката, чекаа во ред голем број на лица за да ги наполнат или да ги сменат своите плински боци.
Функционерите наведувааат дека до експлозија дојде кога камион започна со празнење на плин, меѓутоа не причека да помине пропишаното време за ладење.
Загинаа голем број на цивили кои се наоѓаа во редот. Очевидец Емека Петерс наведува дека танкерот за плин експлодираше како бомба.
"Околината се претвори во пекол. Тука се наоѓаа луѓе кои сакаа да ги наполнат плинските боци. Повеќето од нив умре горејќи. Телата се во непрепознатлива состојба" раскажа Петерс.
Противпожарните екипи со саати се бореа со огнената стихија која на крај ја ставија под контрола.
Функционери од болницата во која се наоѓаат страданите, наведуваат дека во болницата е пренесен голем број на тешко повредени лица и дека се загрижени поради тоа што бројот на мртви би можел да биде зголемен.