Muhammed Yasin Güngör
23 Септември 2026•Ажурирано: 23 Септември 2026
Вооружени лица убија 11 лица и ранија три за време на пукање синоќа во дом во источната провинција Квазулу-Натал во Јужноафриканската Република, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Пукањето се случило во населбата Квамакута, јужно од Дурбан, објави јужноафриканскиот телевизиски канал за вести eNCA, напоменувајќи дека меѓу жртвите имало и бремена жена.
Десет жртви загинале на местото на нападот, додека уште едно лице им подлегнало на повредите при транспортот кон болница.
Жртвите се наоѓале во станбен објект во населбата кога непознати напаѓачи упаднале внатре и отвориле оган пред 23:00 часот по локално време синоќа.
Пред да побегнат од местото на настанот, напаѓачите запалиле возило што му припаѓало на сопственикот на куќата.
Мотивот за смртоносниот напад е непознат, а властите не соопштија за евентуални апсења, ниту го открија идентитетот на осомничените.