Diyar Güldoğan
05 Март 2024•Ажурирај: 06 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските воздушни напади и копнени операции во Појасот Газа од 7 октомври досега загинаа 13.430 деца, објави денес Канцеларијата за медиуми во Газа, јавува Анадолу.
Истакнато е дека 8.900 жени биле убиени во текот на 150 дена, додавајќи дека 7.000 луѓе, од кои 70 отсто се жени и деца, сè уште се под урнатините или се водат како исчезнати.
Канцеларијата за медиуми соопшти дека во тој период животот го загубиле 364 здравствени работници и 132 новинари.
Предупредувајќи за зголемениот глад во Газа, Канцеларијата соопшти дека Израел го спречил влезот на храна и резерви со помош, па дури и ги таргетирал хуманитарните возила што се обидувале да стигнат до регионот, предизвикувајќи смрт на десетици луѓе што барале храна за своите семејства.
Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, при што загинаа најмалку 30.534 луѓе, а беа повредени 71.920.
По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Сепак, нападите продолжуваат со ненамалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.