Emirhan Demir
28 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
БАНГКОК (АА) - Бројот на жртви од поплавите предизвикани од обилните дождови во јужен Тајланд се зголеми на 145, јавува Анадолу.
Портпаролот на тајландската Влада, Сирипонг Ангкасакулкијат, ги информираше медиумите за поплавите предизвикани од обилните дождови во јужните региони на земјата.
Ангкасакулкијат изјави дека 145 лица ги загубиле животите во осум провинции, од кои повеќе од 100 се во провинцијата Сонгкла.
Тој истакна дека надојдените води продолжуваат да се повлекуваат и дека екипите за пребарување и спасување пристапиле до повеќе подрачја.
Агенцијата за управување и спречување на катастрофи на Тајланд објави дека повеќе од 1,2 милиони домаќинства и 3,6 милиони луѓе во 12 провинции на југот на земјата се погодени од поплавите.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул прогласи вонредна состојба во провинцијата Сонгкла на 26 ноември по поплавите што го зафатија јужниот дел на земјата.