Ikrame Imane Kouachi
11 Мај 2024•Ажурирај: 12 Мај 2024
АНКАРА (АА) – Најмалку 24 Палестинци загинаа, а повеќе се повредени во израелското бомбардирање на Појасот Газа во текот на ноќта, пренесува Анадолу.
Палестинската новинска агенција „Вафа“ соопшти дека „израелски борбени авиони нападнаа неколку области во централниот дел на Појасот Газа, во кои загинаа најмалку 24 лица“.
Според медицински извори, најмалку 20 од жртвите биле донесени во болницата Ал Акса во градот Деир ал Балах.
Исто така, „Вафа“ објави дека израелските сили истрелале гранати врз куќи и објекти во населбите Ал-Зејтон и Ал-Сабра во градот Газа, при што е предизвикана голема штета.
Во Џабалија, северниот дел на Појасот Газа, во израелските напади загинати се уште седум Палестинци, а повеќемина се повредени, објави новинската агенција.
Во израелските напади врз Појасот Газа, кои започнаа како одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври, досега загинаа речиси 35.000 Палестинци.
Одмаздничката офанзива ја претвори енклавата во урнатини и ја втурна во хуманитарна криза со недостиг на храна, вода и лекови. Околу 85 отсто од 2,3 милиони жители на Газа се присилно раселени.