Ekip
01 Јули 2023•Ажурирај: 03 Јули 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 25 лица загинаа, а неколку се повредени рано утринава кога се запали патнички автобус во западна Индија, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.
Несреќата се случила во округот Булдана во индиската држава Махараштра, додека автобусот се движел од Нагпур кон Пуна.
„Пронајдовме 25 тела. Уште 8 се повредени“, изјави за Анадолу Бабурао Махамуни, виш полициски службеник во округот Булдана.
Тој додаде дека повредените се префрлени во болница на лекување.
Официјални лица изјавија дека во тек е истрага за да се утврдат причините за несреќата, но првичните извештаи покажуваат дека автобусот удрил во бетонска преграда и се запалил.