Ali Demir
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ТАРТУС (АА) - Најмалку 78 лица загинаа, а повеќе од десетина се повредени во низа на напади во крајбрежните сириски градови Тартус и Јаблех, со упоришта на сирискиот претседател Башар Ал Асад, потврдија властите, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската државна телевизија јавува дека во Тартус се извршени два самоубиствени напади и еден напад со автомобил бомба во близина на автобуска станица.
Сириската новинска агенција „САНА” јавува дека одекнале четири експлозии во Јаблен, јужно од Латакија. Во нападот се користени автомобил-бомби, а еден бомбаш самоубиец влегол во градската болница.
Сириската обсерваторија за човекови права со седиште во Лондон тврди дека бројот на жртви е над 100 и дека над десетина луѓе се повредени.
Станува збор за мирен провладин регион. Русија ја држи поморската база во Тартус и има воздухопловна база во покраината Латакија.
Одговорност за нападот презедоа припадниците на терористичката организација ДАЕШ.