Ekipa
31 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
МОСКВА (АА) – Утрово, во 101. година почина рускиот актер Владимир Зелдин, најстариот активен актер во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зелдин почина рано утринава во московска болница, потврди неговата сопруга Ивета Капралова.
Тој е најпознат по улогата во филмот „Се сретнаа во Москва“. Снимањето на овој филм започнало неколку месеци пред германската инвазија на Советскиот Сојуз во 1941 година, кога Зелдан имал 26 години.