Незадоволни со мерките за штедење Шпанците организираа демонстрации ширум земјата
-„Бунт 28-ми мај” организирани се во 30 градови, меѓу кои се наоѓаат Алмерија, Барселона, Кадиз, Кордоба, Гранада, Хуелва, Лас Палмас, Малага, Севилја, Валадолид, Валенсија, Зарагоза, Мурсија и МадридŞenhan Bolelli
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
МАДРИД (АА) - Во 30 градови ширум Шпанија одржани се демонстрации против мерките за штедење, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрациите „ Бунт 28-ми мај” организирани се во 30 градови, меѓу кои се наоѓаат Алмерија, Барселона, Кадиз, Кордоба, Гранада, Хуелва, Лас Палмас, Малага, Севилја, Валадолид, Валенсија, Зарагоза, Мурсија и Мадрид.
„ Бунт 28-ми” мај е ороганизирана на повик од 125 невладини организации ширум земјите кои се повикани на ставање крај на мерките на штедење.
Во Мадрид главна точка на која се собраа демонстрантите беше плоштадот Сол. Демонстрантите извикувајќи ги слоганите бараа да им се врати слободата и социјалните права кои им беа одземени со политиката на мерките на штедење применети поради економската криза која започна во 2008 година.
Претсавниците на демонстрантите зборуваа за корупциските скандали во Шпанија, проблемот со невработувањето и ризик од сиромаштија, а изразија и незадоволство поради Транслатлантскиот трговски договор (ТТИП), како и Сеопфатниот економски и трговски договор (СЕТА).