AP
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека неговата земја не оди во правец на формирање две национални држави, одбивајќи го предупредувањето кое го даде американскиот државен секретар Џон Кери, јавува Anadolu Agency (AA).
На редовната неделна седница на Кабинетот, Нетанјаху рече дека Израел нема да стане двонационална држава, но во намера да воспостави мир и другата страна треба да реши дали го сака.
Кери предупреди на можноста за колапс на палестинската администрација. Тој на конференција во Институтот Брукингс во главниот град на САД, Вашингтон, рече дека, во тој случај, Израел би ја презел адмистрацијата во Западниот брег, што би довело до решението за една држава но би ја загрозило иднината на Израел како демократска и еврејска земја.