Ekipa
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера повика на помилување на израелскиот војник кој воениот суд претходно го прогласи за виновен за убиство на ранет Палестинец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот водник Елор Азарија (18) пукаше во главата на повредениот Палестинец Абдул Фатах Шариф.
Нетанјаху порача дека го поддржува помилувањето на израелскиот војник.
„Ова е тежок и болен ден, прво и основно за Елор, неговото семејство, израелските војници, голем број граѓани и родители на војници, вклучувајќи ме и мене ... јас го поддржувам помилувањето на Елор Азарија“, напиша Нетанјаху на социјалните медиуми.
Претседателот на Израел Рувен Ривлин, кој има овластување да ги помилува осудениците во таа земја, рече дека ќе почека завршување на судскиот процес пред да донесе конечна одлука.
Азарија, според израелскиот закон, може да биде осуден на 20 години затвор, додека неговата одбрана веќе најави жалба.