Ferdi Türkten
10 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА
По извршеното извидување и набљудување на теренот, во подрачјето на Зап и Хафтанин во северен Ирак откриени се 8 терористи на ПКК кои се успешно неутрализирани во воздушна операција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Турција по успешната операција за неутрализирање на 8 терористи на ПКК во северен Ирак објави дека се решителни во елиминирањето на терористичката закана, истакнувајќи:
„Продолжуваме да ги уништуваме засолништата на терористичката организација ПКК во северен Ирак. По извршено извидување и набљудување, откривме 8 терористи на ПКК кои беа неутрализирани во воздушна операција.“