Talha Yavuz
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА (AA) - ТАЛХА ЈАВУЗ - Според извештаите на меѓународната организација „Save the Children“, секое шесто дете на светот живее на подрачјата погодени од судири, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот под наслов „Запрете ја војната над децата“ се истакнува дека 415 милиони деца низ светот живеат на подрачјата со судири, од кои 149 милиони се наоѓаат на подрачјата погодени со висок интензитет.
Обединетите нации (ОН) во 1982 година 4 јуни го прогласија на Меѓународен ден за децата жртви на насилство (International Day of Innocent Children Victims of Aggression).
Тој ден претходно се однесуваше на децата кои беа цел на израелските напади во Палестина и на децата во Либија.
Одлуката за прогласување на Меѓународен ден на децата жртви на насилство имаше за цел да ја разбуди свеста за запирање на насилството против децата, за физичката, психичката и душевната експлоатација и убивањето деца.
Траумите во детството можат да ја одбележат иднината на детето и да предизвикаат трајни психички последици.
Според мислењето на ОН, злосторствата против децата се состојат од шест ставки: користење деца во војна, убивање деца, сексуално злоставување на децата, киднапирање деца, напади на училишта и болници, спречување дистрибуција на хуманитарна помош.
Извештајот на организацијата „Save the Children“ се покажува дека повеќето, одосно 170 милиони загрозени деца живеат на африканскиот континет, што покажува дека секое четврто дете во Африка живее на подрачјата погодени од судири.
На Блискиот Исток секое трето дете се наоѓа на подрачјата погодени од судири.
Извештајот покажува дека бројот на деца кои живеат на такви подрачја од 2010 година е зголемен за 34 отсто, додека злосторствата против децата во истиот период се зголемени за 170 отсто.
Во тој контекст, Нигерија се наоѓа на прво место како земја во која 45 милиони деца живеат на подрачја погодени со судири.
Следуваат Мексико, Демократска Република Конго и Авганистан.
Според податоците на УНИЦЕФ, во 2018 година 29 милиони бебиња се родени токму на подрачјата погодени со судири.
Секое петто бебе во Авганистан, Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Јемен е принудено својот живот да го започне во услови на судири.