Davut Çolak
04 Јуни 2021•Ажурирај: 06 Јуни 2021
КОПЕНХАГЕН
Премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) престанале да собираат разузнавачки информации за своите сојузници во 2014 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за норвешката државна телевизија НРК (NRK), Солберг ги оцени тврдењата дека „САД ги следат своите сојузници“.
Истакнувајќи дека делегација од Министерството за одбрана на Норвешка се состанала со претставници на Американската амбасада во земјата, Солберг рече дека состанокот бил позитивен.
„Американците отворено истакнаа дека практиката да ги следат сојузниците ја смениле во 2014 година. Среќна сум што изразија подготвеност да објаснат што се случува и да работат со нас“, нагласи премиерката Солберг.
Данската државна телевизија ДР (DR), во веста објавена на 30 мај 2021 година откри дека Агенцијата за национална безбедност на САД (NSA) прислушувала голем број европски политичари на високо ниво, особено германската канцеларка Ангела Меркел.